Дали Тухел ќе ја дочека 2021 како тренер на ПСЖ?

Томас Тухел доби „кредит“ од раководството на ПСЖ по пласманот во финалето од ланското издание на Лигата на Шампионите, но не мина долго време време за германскиот стратег повторно да ја загуби довербата кај раководството на „светците“. Односот со директорот Леонардо му е нарушен повеќе од една година, но Германецот веќе ја нема поддршката ниту на претседателот Ал Келаифи, па веќе се најавува дека Тухел би можел и да не ја дочека новата 2021 година на клупата на „светците“.

На овој стручњак веќе му било соопштено дека нема да добие нов договор, а бидејќи актуелниот му истекува за шест месеци, финансиската исплата не би претставувала никаков проблем за богатите катарски газди на францускиот шампион. ПСЖ беше далеку од посакуваната форма во ЛШ, каде дури во последното коло го обезбеди пласманот во осминафиналето, но сега веќе не делува „недопирливо“ ниту во Франција, каде моментно се наоѓа на третото место, зад Лил и Олимпик Марсеј.

Ал Келаифи веќе воспоставил контакт со Маурицио Покетино, кој своевремено како играч настапуваше за ПСЖ, а управата сега сака да го врати како тренер. Ако Аргентинецот прифати, Тухел ќе добие отказ до крајот на месецов, со што ќе биде ставен крај на неговата авантура на „Паркот на принцовите“ што трае од 2018 година и не го дадоа посакуваниот исход – кревање на трофејот во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...