Данило даде еврогол, „граѓаните“ промашуваа, па Барнли стигна до реми

Манчестер сити не успеа да слави на гостувањето кај Барнли, играјќи 1-1 со упорниот домаќин. Тимот на Пеп Гвардиола немаше свој ден, а тоа Барнли го искористи за да ’украде’ бод против моќниот состав на „граѓаните“, кој сега има 16 бода предност на врвот во однос на Манчестер јунајтед.

Дефанзивецот Данило го доведе лидерот во водство од 0-1, постигнувајќи прекрасен гол во 22.минута со удар од 25 метри. Голманот на Барнли беше немоќен да го спречи одличниот шут на десниот бек на „граѓаните“. По ова, Манчестер сити не реализира уште неколку одлични шанси, напаѓачите немаа свој ден, а најголемата можност ја пропушти Рахим Стерлинг. Тоа Барнли знаеше да го казни во завршницата.

Во 82.минута, Јохан Гудмундсон ја затресе мрежата на Манчестер сити и Барнли стигна до реми на овој натпревар. Тоа е само трет нерешен исход за тимот на Пеп Гвардиола оваа сезона, а единствениот пораз го доживеа од Ливерпул.

Се вчитува...