Данило Переира пристигна на заем во ПСЖ

Португалскиот репрезентативец Данило Переира е вториот фудбалер кој Пари Сен Жермен го доведе на позајмица за претстојната сезона во последниот ден од летниот преоден рок. Тој доаѓа од Порто, а „светците“ имаат опција и комплетно да го откупат неговиот договор за 16 милиони евра по завршувањето на оваа сезона.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, се обидува да го пополни ростерот со нови квалитетни фудбалери за продолжението од сезоната. На стартот од шампионатот имаше екстремно мал број на фудбалери во сениорскиот погон откако клубот се соочи со неколку заминувања, но и со пандемија на коронавирусот.

Се вчитува...