Дарко Велковски по четири месеци се врати на терените во дресот на Ал Етифак

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски конечно се врати на терените во дресот на Ал Етифак во шампионатот на Саудиска Аранија.

По долгата пауза поради повреда, Велковски се најде во стартниот состав на Ал Етифак во победата од 3-2 против Ал Далх во 15. коло од шампионатот на Саудиска Арабија.

Се чини, повредата е минато за македонскиот репрезентативец кој се очекува да биде подготвен за стартот на квалификациите за ЕП 2024. Македонија првиот натпревар го игра против Малта во Скопје на 23. март.

Се вчитува...