Ману Џинобили ја обнови соработката со Сан Антонио спарс на уште две години. Искусниот шутер ќе заработи 5 милиони американски долари за две сезони.
40-годишниот Џинобили пред извесно време истакна дека планира да игра уште најмалку една година, а со новиот договор ќе стане осмиот кошаркар во НБА лигата кој 16 сезони ги бранел боите на еден клуб. Аргентинецот се приклучува во „специјалното“ друштво на Тим Данкан, Тони Паркер, Коби Брајант, Дирк Новицки, Џон Стоктон, Реџи Милер и Џон Хавличек.
Неговиот просек од минатата сезона е 7.5 поени, 2.7 асистенции и 2.3 скока по натпревар во 69 меча. Ману беше 57. (претпоследен) пик на „спарси“ во 1999 година, а со франшизата од Тексас освои четири титули, во 2003, 2005, 2007 и 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА