Дерби-драма со хепиенд за Работнички

Работнички по пет натпревари пауза конечно го најде лекот за МЗТ Скопје, славејќи во првото овосезонско дерби со резултат . Пресметката на вечните ривали донесе интересна и до самиот крај неизвесна кошарка, а во драматичниот финиш подобро се снајдоа „центарци“. Американецот Грочет беше трагичарот на МЗТ, промашувајќи две слободни фрлања при „минус еден“ на седум секунди до крајот, по што Работнички стигна до победата над лутиот ривал.

Работнички почна доминантно во оваа пресметка, фуриозно полнејќи го кошот на гостите од Аеродром. „Центарци“ набрзина поведоа со 25-10, пред нивната серија со тројка да ја прекине Кристијан Николов, а стартната четвртина да заврши со резултат 27-15 за Работнички. Стартот на вториот дел донесе сосема поинаква слика, избраниците на Мираковски непотребно инсистираа на шутеви од далечина, а МЗТ еспресно го казни тоа, па за неполни две минути „металците“ со серија од 12-0 стигнаа до израмнување. Импресивен во овој период беше Олуџоби, кој им создаваше огромни проблеми на домашните кошаркари во рекетот.

На полувреме се замина со 45-45, а за разлика од првиот период во вторите 20 минути можеше да се проследи максимално израмнета игра во која тимовите се менуваа во водство. Работнички беше подобар на стартот од последната четвртина, но Дамјан Стојановски со две тројки во низа го одржуваше МЗТ во живот. „Центарци“ влегоа во последните пет минути со предност од четири поени промашија и неколку напади за поубедливо водство, пред Магдевски со осум поени во рок од само две минути да донесе изарамнување (86-86).

Гравет, кој имаше почетничка грешка при промашено забивање, се претвори во трагичар на „металците“ откако загуби топка на 94 секунди до крајот, а потоа за реакција кон судиите доби и техничка грешка. Кочов побара тајмаут при резултат 89-86, го врати Олуџоби на теренот, по што американскиот центар веднаш реализираше и иницираше нов мини-пресврт, по што Мираковски зеде тајмаут откако МЗТ поведе со 89-90. Вашингтон беше двапати прецизен од линијата за слободни фрлања, по што Кочов го зеде последниот тајмаут, за да го организира нападот за победа, на 22 секунди до крајот при водство на Работнички од 91-90. Гочер изнуди фаул од Вашингтон, но Американецот на МЗТ  беше двапати непрецизен, по што беше досудена неспортска лична грешка на Гравет над Питс, за печат на триумфот на Работнички изразен со конечните .

Американецот Питс беше најзаслужен за големата победа на „центарци“, постигнувајќи 29 поени надополнети со осум асистенции, 19 постигна Балмазовиќ, а 17 Вашингтон. Кај МЗТ Скопје најдобар поединец беше Олуџоби со 19 поени, а со добро издаение се истакна и репрезентативецот Магдевски со 17 поени и 7 асистенции.

Се вчитува...