Дербито е „романтично“ по првиот дел: Работнички има водство од 2-0 против Вардар (ВИДЕО)

Работнички има водство од 2-0 по првото полувреме на градското соседско дерби против актуелниот шампион Вардар. Во првиот меч од 21.коло на Првата фудбалска лига, „романтичарите“ го изненадија тимот на Чедомир Јаневски уште на самиот старт.

Себастијан Херера во втората минута со удар со глава ја затресе мрежата на „црвено-црните“, а само четири минути подоцна новото засилување на Работнички, Виктор Ангелов, постигна и втор погодок, за голема предност од 2-0 на дуелот против Вардар. Очигледно дека „црвено-црните“ ќе мораат да променат нешто во второто полувреме доколку сакаат да го избегнат поразот.

Се вчитува...