Дербито почна со минута молк во чест на Гокси (ФОТО)

Вечното дерби од кошаркарското првенство меѓу Работнички и МЗТ Скопје почна со едноминутен молк во чест на Горан Костадиновски – Гокси, кој во текот на минатата седмица ја загуби битката со тешката болест.

Гокси со години важеше за еден од најверните навивачи на Работнички, една од клучните фигури во навивачката група „Сити Парк Бојс“, па „центарци“ на ваков начин се простија од големиот фан.

Се вчитува...