Детали и од Брза Помош: Денис Тот беше легнат пред дискотека, помодрен во лицето

Смртта на ракометарот Денис Тот ја потресе спортската јавност, а не стивнуваат реакциите околу околностите при кои се случила трагедијата.

За потсетување, првите информации велеа дека станува збор за физичка пресметка во која хрватскиот ракометар го извлекол подебелиот крај, но Директорката на КАРИЛ, утрово обелодени дека на телото на Тот во моментите кога бил примен во клиниката немало видливи траги од физичко насилство.

Попладнево детали објави и Здравствениот дом – Скопје, со чие возило на Брза Помош ракометарот бил пренесен до клиниката, каде денеска ја загуби најважната битка.

 денеска изјави дека кај пациентот не биле пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

„ Кога екипата на Итна помош вчера рано наутро пристигнала да интервенира, тој бил легнат пред дискотеката „Привилеџ“ и бил помодрен во лицето. Немало траги на насилство, а лекарите констатирале ниска сатурација и слаб пулс, како и дека момчето мирисало на алкохол. Тие ги примениле постапките за реанимација и веднаш го транспортирале на Ургентниот центар на скопските клиники „Мајка Тереза“, објавија од Здравствен дом – Скопје за Нова ТВ.

Се вчитува...