Џузепе Роси не се откажува така лесно: Се враќа на голема врата

Џузепе Роси своевремено беше еден од најталентираните италијански напаѓачи, но повредите речиси му ја уништија кариерата. Сепак, 31-годишниот фудбалер не се откажува и во најава е потпис на нов договор во Серија А.

Роси некогаш беше член и на Манчестер јунајтед, но таму не доби шанса да се докаже. Тоа го направи по заминувањето во Вилјареал каде го воодушеви фудбалскиот свет со својата игра. Потоа дојдоа тешките повреди на коленото кои го стопираа неговиот напредок и го оневозможија да направи голем трансфер.

Сега 31-годишниот Џузепе Роси е без клуб откако му истече договорот со Џенова каде одигра само девет натпревари минатата сезона. Тој повторно се повреди, а клубот не му понуди нов договор. Но, според италијанските медиуми, Роси е подготвен да се врати на теренот и според најавите наскоро треба да потпише договор со Фиорентина.

Роси би бил најсреќен да се врати во Фиорентина и веќе сме во контакт со раководството на клубот. Остави срце во Фиренца и верувајте дека само таму сака да оди. Во контакт сме со клубот и ќе видиме шти ќе биде на крај“ – потврди неговиот менаџер, Федерико Пасторело.

Роси во дресот на Фиорентина играше во периодот од 2013 до 2016 година и имаше 42 настапи со 19 гола и осум асистенции.

Се вчитува...