Ди Марија му одржа „фудбалски час“ на својот тренер, Покетино понижен (ВИДЕО)

Помладите тренери често сакаат да играат со своите играчи за време на тренингот при загревање. Во камп центрите, ваквиот начин на тренинзи особено е добредојден за забава и зближување на играчите и соработниците од еден фудбалски тим.

Ова често го прави и новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино, кој за време на последниот тренинг, доживеа урнебесен момент и „дриблинг“ од страна на својот сонародник.

Имено, Анхел Ди Марија успеа да ја „протне“ топката низ нозете на својот тренер, по што следеше славјето како да постигнал гол, а ваквото видео предизвика солзи и смеа, па брзо се рашири низ социјалните мрежи.

Еден од коментарите на фудбалските фанови гласи: „Кој на кого е тренер, кој кого учи на фудбалски трикови“?

 

 

Се вчитува...