Димитриевски фантастичен, три бода за Рајо на гостувањето кај Вилјареал (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше уште еден одличен настап во Ла Лига, предводејќи го Рајо Валекано до триумф од 0-1 и три бода на гостувањето кај Вилјареал.

Димитриевски беше на врвот на својата задача во првото полувреме, а најмногу се истакна со двојната одбрана во 31. минута од мечот. За истата доби лавина на пофалби на социјалните мрежи, а неговите соиграчи успеаја добриот настап на Македонецот да го крунисаат со гол во 70. минута кој го реализираше Камело.

Со оваа победа Рајо Валекано стигна до 29 бод во шпанското првенство и сега само два бода го делат од место кое води во европските натпреварувања следната сезона.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...