Димитриевски: Германците по мечот бегаа од нас, не сакаа ниту да честитаат

Столе Димитриевски не може и по враќањето во Шпанија да ги смири емоциите по големата победа на Македонија на гостувањето во Германија во квалификациите за СП 2022.

Во разговор за шпанска „Марка“, Димитриевски открива дека сите во репрезентацијата не може да ги опишат чувствата по еден таков голем успех.

„Ова е најголемата победа на македонската репрезентација во историјата. Лудило. Се чинеше како резултатот не е реален, но една голема вистина е дека Македонија има репрезентација за високи дострели. Сигурен сум дека ќе бидеме ‘бомбата’ на Европското првенство, а сериозно се впуштаме во трката за пласман на СП во Катар“ – вели Димитриевски.

Македонскиот чувар на мрежата вели дека Германците биле сериозно нервозни по крајот на натпреварот.

„Мислам дека воопшто не не сфатија сериозно. Посебно германските медиуми кои малку обрнуваа внимание. Но, на терен покажавме кои сме. На крајот Германците поразот лошо го прифатија. Не ни ја честитаа победата, некако бегаа од нас. По последниот свиреж бегаа од нас, и тоа не беше навистина во ред“ – открива Димитриевски.

Се вчитува...