Димитриевски: Чудно е во Гостивар да се игра кошарка пред празни трибини

Поразот од ФМП Академија делуваше како шок-терапија, па кошаркарите на Гостивар најавуваат далеку подобро издание на денешното дерби против Работнички. Двата тима играат сличен стил на кошарка, имаат одличен состав па очекувањата за овој натпревар се на високо ниво. Во било која друга ситуација овој натпревар би бил спектакл, салата во Гостивар би била исполнета до последното место, онака како што наликува за дерби, но за жал не и овој пат.

„Овој натпревар кој се игра во Гостивар пред се’ ќе биде несвојствен затоа што ќе играме празни трибини, нешто на кое што Гостивар во изминатите години не е навикнат, да игра без својот шести играч. Како и да е, очекувам тежок натпревар и борба до последната секунда. Ние ќе го дадеме максимумот на терен за да оствариме што подобар резултат“ – изјави за ЕКИПА капитенот на гостиварци, Ренато Димитриевски.

Натпреварот на второто коло е закажан за почеток од 18 часот, а од истиот е предвиден пренос на македонската телевизија.

Се вчитува...