Динамо Киев најави: Нѝ доаѓа фудбалер на Шкендија!

Украинскиот гигант Динамо Киев, ќе се засили со фудбалер на Шкендија. Ова го најавија од украинскиот клуб, каде на својот профил на „Фејсбук“ напишаа дека чекаат трансфер, објавувајќи фотографија на дуелот на Динамо со Шкендија, и од фудбалерот.

Фудбалерот е Решат Рамадани, млад играч на тетовскиот клуб кој заминува во украинскиот гигант.

Оваа сезона младиот 19-годишниот Рамадани настапи на 14 од 16 меча за тетовските „црвено-црни“, а првотимец стана минатата сезона кога одигра седум меча за тетовските „црвено-црни“.

Играчот веќе е со Динамо, а промоцијата треба да се случи во следните часови.

Се вчитува...