Директорот Мончи ќе биде првата „жртва“ за слабиот старт на Астон Вила

Мончи, директорот на Астон Вила, ќе го напушти клубот веднаш, после слабиот старт на тимот кој има три ремија и два порази, без победа во првите пет кола во Премиерлигата, потврдува „АС“.

Мончи дојде во 2023 година на „Вила Парк“ за да учествува во проектот на Унаи Емери. Но, после две години, клубот сега е на 18. место во Премиерлигата, а исто така се соочуваат и со потешкотии во финансиите, односно мал простор за маневрирање на финансискиот фер-плеј.

Летово во Астон Вила дојдоа Џејдон Санчо и Харви Елиот како позајмени, Виктор Линделоф дојде како слободен, а ги платија само Еван Гесанд и Марко Бизо.

Сепак, Мончи имаше успешен старт во ерата на Астон Вила, со оглед дека тимот излезе во Лигата на шампионите, а имаа и неколку добри трансфери како што е оној на Џон Дуран во Ал Наср за 90 милиони евра.

Според последните информации, Шпанецот се соочил со притисок од навивачите на Астон Вила кои бараат тимот подобро да се засили.

Мончи во минатото работеше во Севиља и во Рома.

Се вчитува...