Додека другите откажуваат УС Опен ќе се игра – Причина се 400 милиони долари

И покрај тоа што речиси сите тениски турнири се откажани до крајот на годината, организаторите на УС Опен информираат дека овој Грандслем турнир ќе се одржи во предвидениот термин од 24. август до 13. септември.

Причина зошто не постои никаква можност за откажување на турнирот се парите. Овој Грандслем турнир не е осигуран, како што се тоа Вимблдон и Ролан Гарос, па откажувањето би чинело 400 милиони долари.

Исто така, ТВ станиците не се согласуваат со измени на датумот на одржување пред крајот на годината, па се очекува наспроти пандемијата од коронавирусот во Њујорк, тенис да има.

После УС Опен, како што е познато, ќе се одржи Ролан Гарос оваа година презакажан од 20. септември до 4. октомври.

Се вчитува...