Договорот со Арсенал е во втор план: Озил ќе се жени со Мис Турција

Германскиот интернационалец Месут Озил важи за еден од најголемите плејбои во светот на фудбалот, но наскоро ќе „скокне во тавче“. Откако ги разреши дилемите дека ќе остане во Арсенал, Озил донесе уште една важна животна одлука. Тој реши да се ожени со својата девојка Амине Ѓулше, која гордо ја носи титулата Мис Турција за 2014 година.

Свадбата треба да се случи по завршување на Светското првенство во Русија, а засега вљубените ги кријат во тајности деталите.

Се вчитува...