- Дојче Телеком најавува партнерство со Gorillaz
- Ексклузивни видео содржини од првата изведба во живо на новиот студиски албум „Humanz“, пред неговото официјално излегување во април
Преку својата меѓународна музичка програма, Electronic Beats, Дојче Телеком ги здружува силите со Gorillaz за да отвори нова димензија во музиката низ Европа. Во план е да се искористат новите технологии за да се создаде сосема ново музичко искуство.
„Магијата на Gorillaz е во тоа што тие се истовремено и реални и виртуелни, факт кој иновативниот тим на Telekom Electronic Beats потполно го разбира.“ рече Ниам Брн, од Eleven Management. „Донесоа смела одлука да ни помогнат да ја реализираме нашата визија.“
Дојче Телеком преку напредната 4G мрежа ќе им овозможи на луѓето да бидат дел од оваа нова димензија на музиката на Gorillaz.
По повод новиот албум на бендот, „Humanz“ што ќе излезе на 28 април, Дојче Телеком ќе почне кампања преку која ќе покаже како креативното користење на новите технологии може да го подобри музичкото искуство. Првата од овие иницијативи ќе биде иновативната Augumented Reality апликација преку која корисниците ќе имаат ексклузивен пристап до содржини за Gorillaz.
Во врска со партнерството, Џејми Хјулит (еден од основачите на бендот) рече: „Работењето со Дојче Телеком ни овозможи да експериментираме, истражуваме и да ги реализираме нашите соништа.“
Ексклузивните содржини за Gorillaz ќе може да се погледнат на www.electronicbeats.net.
Ќе следуваат повеќе известувања за настани, содржини и концерти.
Telekom Electronic Beats
Telekom Electronic Beats е еднa од најетаблираните програми за промоција на музички содржини и содржини за модерниот начин на живот. Во последните 17 години Telekom Electronic Beats создаде цел универзум од музички искуства преку голем број различни канали, користејќи го ЕВ.net како главна платформа. Додека на почетокот програмата се концентрираше на промоција на музика, Telekom Electronic Beats сега ја прифаќа силната поврзаност помеѓу музиката и останатите сегменти од животот, како што се дизајнот, технологијата, модата и уметноста. Telekom Electronic Beats има работено со некои од најголемите имиња од модерната музичка сцена, како Грејс Џонс, Depeche Mode, па сѐ до Moderat, a поддржува и нови талентирани уметници како Ry X.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА