Дојде и тој ден: Новак Ѓоковиќ повеќе не е тенисер број еден

Новак Ѓоковиќ од овој понеделник повеќе не е најдобро рангираниот тенисер на АТП листата. Српскиот тенисер падна на третото место на поредокот зад далеку помладите Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Со пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, 22-годишниот италијански тенисер стигна до 9.525 освоени бодови со што се седна на тронот и воедно влезе во историјата како прв Италијанец кој успеал во тоа.

Освојувачот на Ролан Гарос, Карлос Алкараз пак стигна до бројката од 8.580 освоени бодови со што го превзема второто место во рангкингот. Зад Ѓоковиќ следат: Зверев, Медведев, Рубљов, Руд, Хуркач, Де Минор и Димитров.

Новак Ѓоковиќ помина 428 недели на врвот на АТП листата притоа држејќи го тронот во последните 39 недели што е апсолутен рекорд.

Се вчитува...