Доменико Тедеско е назначен за нов тренер на Лајпциг

Доменико Тедеско е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Ред Бул Лајпциг, потврдија од бундеслигашот. Ахим Бајерлочер кој привремено го водеше клубот ќе си замине од клубот, а на негово мето ќе дојде Тедеско кој се враќа во германскиот фудбал по 2019 година.

Тој во Германија го водеше Шалке од кого доби отказ по срамниот пораз од Манчестер сити во Лигата на шампионите од 0-7. Подоцна ја водеше руската Спартак Москва со која беше вицешампион во Русија, а по избивањето на пандемијата од коронавирусот поднесе оставка од местото бидејќи не можеше толку долго да е разделен од семејството.

Тој потпиша со германскиот клуб договор до 2023 година, а своето деби ќе го има веќе во сабота кога неговиот тим ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах.

 

Се вчитува...