Доријан Бабунски ефектно со глава за реми на Дебрецин против Мол Фехервар (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го запиша својот шестти погодок сезонава во дресот на Дебрецин во унгарскиот шампионат.

Дебрецин ремизираше (1-1) на гостувањето против Мол Фехервар благодарение токму на погодокот на Бабунски.

Македонскиот офанзивец во 35. минута од средбата ефектно со глава донесе водство од 0-1 за својата екипа, но домашните успеаја да израмнат до крајот на мечот.

Бабунски одигра 70 минути на средбата, а на спротивната страна Никола Серафимов остана само на клупата за резервни фудбалери кај Мол Фехервар.

Се вчитува...