Дортмунд го зема 16-годишниот брат на Белингем

Џоб Белингем, во иднина би можел да му се приклучи на неговиот постар брат Џуд Белингем во таборот на Борусија Дортмунд. „Милионерите“ тргнуваат по потписот на 15-годишниот играч, кој во моментов игра за Бирмингем, и има 16 години.

Токму од истиот тим, Дортмунд го купи и Џуд Белингем, и од 12 милиони, сега вреди повеќе од 60 милиони евра.

За разлика од неговиот брат кој игра на средината, Џоб игра на десната крилна позиција, а може да игра и како лево крило. Настапува за младинскиот тим на Бирмингем, а веќе има и неколку тренинзи со сениорскиот тим.

Тој играл за помладите селекции на Англија,а во моментов е дел од селекцијата на „Гордиот Албион“ до 17 години.

Се вчитува...