Драма со хепиенд за Кожув: Деј го реши Работнички

Кожув во драматичен финиш успеа да го совлада Работнички со минимални 73-72 во плејаут-лигата, на најдобар можен начин одмаздувајќи им се на „центарци“ за несреќниот пораз во Гевгелија, по продолжение во регуларниот дел од сезоната.

Кошаркарите на Кожув беа подобар ривал во првото полувреме, на одмор заминаа со убедливи 45-33, но одиграа катастрофално во третата четвртина, што Работнички ја доби со 6-23 и го сврте резултатот во своја полза. Домашниот состав се консолидираше и ја врати предноста во четвртиот период, но Кожув беше на добар пат да загуби уште еден добиен меч откако по водството од 70-67 на помалку од минута до крајот, им дозволи на гостите со серија од 5-0 да го преземат водството. За среќа, Деј беше расположен за игра, Американецот погоди тројка со звукот на сирената и донесе огромна радост на домашните кошаркари.

Токму Деј беше главна фигура во победничкиот тим со 35 постигнати поени, Штерјов постигна 11, додека Балмазовиќ со 27 поени беше прв стрелец на Работнички.

Се вчитува...