Дубоа е херојот на Лион – еврогол во 92. минута за триумф над Бордо

Лион се враќа на врвот на табелата во француското првенство по триумфот од 2-1 што избраниците на Руди Гарсија го забележаа на вечерашниот дуел со Бордо.

Екамби го отвори резултатот во 32. минута, Калу израмни во 55. минута, а кога мечот влезе во судиското продолжение се чинеше дека фаворитот нема да стигне до цел плен. Тогаш на сцена стапи Дубоа постигнувајќи фантастичен погодок во судиското продолжение, кога асот на Лион од петнаесетина метри откосо, од минимален агол успеа топката со помош на дирекот да ја смести во мрежата.

Лион сега има еден бод повеќе, но и еден меч повеќе во однос на ПСЖ и Лил, кои се наоѓаат на делба на втората позиција на табелата.

Се вчитува...