Еден гол на Курзава доволен за три бода за ПСЖ

ПСЖ забележа нова победа во француското првенство, по тешка битка славејќи на гостувањето против Анже со минимални 0-1. Клучен момент на натпреварот беше 70. минута, кога левиот бек Курзава одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го матираше голманот на Анже.

„Светците“ најмалку еден ден ќе минат на врвот на табелата бидејќи сега имаат 42 бода, два повеќе од Лион, кој утревечер е голем фаворит на домашен терен против Мец.

Се вчитува...