Една победа, многу рекорди за Лука Дончиќ: Полесно ми е без Дирк Новицки (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го обележува првиот дел од сеозната во НБА лигата. Тој го предводи Далас до резултат кој го држи во топ пет во Западната конференција. Тимот од Тексас врза пет последовни победи по успехот против Хјустон од 137-123. Дончиќ постигна 41 поен, имаше и 10 асистенции.

Со овој биланс, Словенецот стана четвртиот најмлад играч во историјата на НБА кој врзал четири последовни натпревари со повеќе од 30 поени и 10 асистенции. Пред него се Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Мајкл Џордан. Истовремено тој се проби на второто место на вечната листа на најмладите играчи кои успеале да постигнат 30 плус поени на четири врзани натпревари. Лидер на листата е Кевин Дурент.

Дополнително, Дончиќ е првиот кошаркар во историјата на франшизата Далас кој успеал да  поврзе четири натпревари по ред на кој постигнува 30 или повеќе поени и има 10 или повеќе асистенции.

„Нашата цел е да влеземе во плеј-оф. Сега уште сме далеку од тоа. Играме само еден месец. Мора вака да продолжиме. Имаме самодоверба, треба на секој натпревар да играме како против Хјустон. Сега полесно се игра. Кога го имавме Новицки во одбраната, ни беше потешко. Не се шегувам. Сега сите покриваат и играат како што треба“ – изјави Дончиќ по натпреварот со Далас.

Далас е на четвртото место во Западната конференција со биланс од 11 победи и пет порази. Пред него на третото место се Лос Анџелес Клиперс кои имаат ефект од 12/5 по триумфот над Њу Орлеанс од 134-109. Монтрезл Херел со 34 поени беше прв стрелец кај тимот од Лос Анџелес, Каваи Ленард уфрли 26 поени.

Нова, 12-та сезонска победа забележа и Денвер. Славеше на домашен терен против Феникс со 116-104. Денвер има само три порази и е второпласиран на Запад. Триумфи забележаа и Бруклин против Њујорк од 101-103 и Сакраменто на гостувањето кај Вашингтон со 106-113.

Се вчитува...