Егзон Бејтулаи доби дополнителен повик за дуелите со Грузија и Бугарија

После откажувањето на Стефан Ристовски и на Ваљон Етеми, селекторот на македонската фудбалска репрезентација се одлучи да испрати дополнителен повик за фудбалерот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.

Дефанзивецот, практично, се враќа во националниот тим, откако не се сметаше на него во првите натпревари во Лигата на Нации.

Претходно поради повреда мораше да откаже настап и Дарко Чурлинов кој исто така е повреден, додека селекторот Милевски за овие два меча се одлучи да не ги повика Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски. Николов и Ристевски пред неколку дена најдоа нов ангажман, додека Бабунски и натаму е без ангажман.

Репрезентацијата денеска напладне се собира за последните два дуели од Лигата на Нации, а првиот тренинг е во 17:30 часот.

Се вчитува...