Екипа Топ 5: Идеална петорка на 1. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Првото коло од Суперлигата ни донесе три возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа Еуро Никел кој славеше на домашен терен против Гостивар, Пелистер кој го доби гостувањето кај новлијата Феникс 2010 и ТФТ кој во натпреварот на колото му го зема скалпот на МЗТ Скопје.

Во идеалната петорка на 1. коло од Суперлигата место има за бекот на кавадарчани, Дарко Соколов кој со 17 поени и реализација 3/5 за зад линијата 6,75 беше лидер во победата на својот клуб. Згора на тоа искусниот бек додаде и две асистенции. Тука е и бекот на Феникс 2010, Андреј Митревски кој со 13 поени, 5 асистенции и 4 скока беше еден од најдобрите играчи во својот клуб.

Победата на ТФТ во натпреварот на колото немаше да биде запишана без помошта на Ландриус Хортон и Амир Смит. Крилото мечот го заврши со 17 поени и реализација 3/5 за три, а додаде и 7 скока, додека центарот беше блиску до дабл-дабл учинок со 9 поени и 9 скока на кои додаде и еден блок.

Петорката на колото ја комплетира Игор Кесар, центарот на битолчани кој го предводеше својот тим во СЦ „Јане Сандански“. Србинот мечот го заврши со 20 поени и 4 скока.

Се вчитува...