ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 2. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Во второто коло од Суперлигата продолжија возбудувањата со три интересни натпревари по кои на победи се радуваа Феникс 2010 кој го доби гостувањето кај Гостивар, Пелистер кој го одбрани домашниот терен од ТФТ и МЗТ Скопје кој во репризата на минатогодишното финале славеше против Еуро Никел.

Во идеалната петорка на колото место има за Бобан Стајиќ и Игор Кесар од Пелистер кои со 13 поени, 8 асистенции 6 скока, односно 26 поени, 2 скока и 2 блока го одведоа „зелено-белиот“ состав во плеј-офот. Тука се и кошаркарите на МЗТ Скопје Дамјан и Војдан Стојановски кои броеа до 11 поени, 8 скока и 3 асистенции, односно 14 поени, 5 асистенции и 4 скока.

Петорката на колото ја комплетира кошаркарот на Феникс 2010, Павле Михајлоски кој мечот во „Младост“ го започна од клупата, а постигна 13 поени со перфектни пет од пет за два поени и додаде 6 скока.

Се вчитува...