Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.
Третото коло од Суперлигата донесе нови три возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа Гостивар кој го доби трилерот во Битола против Пелистер, Еуро Никел кој го најде решението за ТФТ и МЗТ Скопје кој го доби гостувањето кај Феникс 2010.
Во иделаната петорка на колото место има за Дарко Соколов и Обрад Томиќ од Еуро Никел. Бекот одигра „ол-ароунд“ натпревар против „црно-белите“ со 21 поен, 8 скока и 5 асистенции, додека неговите стапки ги следеше центарот на кој на „дабл-даблот“ од 14 поени и 10 скока додаде и 5 асистенции.
Новиот бек на МЗТ Скопје, Бре Ајви имаше одличен натпревар против новлијата во кој и покрај тоа што не беше на врвот на својата задача во нападот, одигра одлично во одбраната. Американецот мечот во Аеродром го заврши со 10 поени, 4 скока и 5 украдени топки.
Петорката ја комплетираат кошаркарот на Феникс 2010, Бојан Трајковски кој продолжи со одличните настапи забележувајќи нов дабл-дабл од 25 поени и 17 скока на кои додаде и 3 асистенции, и центарот на Гостивар, Никола Силаџи кој беше енигма за битолчани со 31 поен и 4 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА