ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 4. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Четвртото коло од Суперлигата ни донесе три нови возбудливи натпревари по кои на победи се радуваа домаќините. Пелистер славеше против Еуро Никел во Битола, МЗТ Скопје во Аеродром го доби Гостивар, додека ТФТ славеше против Феникс 2010 на „Кале“.

Во идеалната петорка на колото место има за Борјан Стојановски, бекот на Феникс 2010 кој започна од клупата, а постигна 14 поени, 6 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки. Тука е и Војдан Стојановски кој со 13 поени, 5 скока и 3 асистенции беше лидер на „сино-белите“ во „Јане Сандански“.

Двејн Морган против својот доскорешен клуб забележа дабл-дабл од 18 поени и 16 скока проследени со 5 украдени топки, а иделаната петорка на колото ја комплетираат кошаркарите на Пелистер, Предраг Пајиќ и Игор Кесар.

Бекот за 15 минути поминати во игра постигна 16 поени, додека центарот беше енигма за вицешампионот со 23 поени, 8 скока и 6 асистенции.

Се вчитува...