ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 5. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Петтото коло од Суперлигата ни донесе три одлични натпревари по кои на победи се радуваа Феникс 2010 кој сензационално славеше над вицешампионот Еуро Никел, Гостивар кој го торпедираше ТФТ во „Младост“ со 15 постигнати тројки и МЗТ Скопје кој беше убедлив во мечот на колото против Пелситер.

Во идеалната петорка на колото место има за два кошаркари на новалијата, Павле Михајлоски кој блесна со „ол-ароунд“ натпревар од 28 поени, 5 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокови и Амар Хот кој мечот го заврши со 8 поени, 8 скока и 4 украдени топки, но имаше фантастичен учинок во одбраната каде ги лимитираше противничките центри.

Крилните центри на МЗТ Скопје, Хуан Дејвис и Немања Милошевиќ беа енигма за битолчани со 16 поени и 5 скока, односно 17 пеони и 9 скока, а идеалната петорка на колото ја комплетира Виктор Ефремовски кој во „Младост“ постигна 15 поени со реализација 4/6 за три, и додаде 5 скока.

Се вчитува...