ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 6. коло Суперлига (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Во шестото коло од Суперлигата домаќините го одбранија домашниот терен. МЗТ Скопје славеше во натпреварот на колото против ТФТ, Гостивар стигна до значајна победа над Еуро Никел, додека Пелистер им се врати на победите со триумф над Феникс 2010.

Во идеалната петорка на колото место има за Виктор Ефремовски кој со 18 поени, 8 асистенции и 4 скока беше лидер на гостиварци. Тука е и Љубомир Младеновски кој против новлијата забележа 8 поени, 15 скока и 6 блокови, додека од мечот во „Јане Сандански“ се истакнаа тројца играчи.

Немања Милошевиќ и Роберт Рикиќ беа енигма за центрите на ТФТ со 18 поени и 6 скока, односно 21 поен и 7 скока, додека Ландирус Хортон ги предводеше „црно-белите“ со 28 поени и реализација 4/6 за три.

Се вчитува...