Екипа Топ 5: Идеална петорка на осмо коло

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Изминатиот викенд ширум салите во Македонија беа одиграни три натпревари од предвидените шест во осмото коло од Првата лига. Во исклучително интересните средби на победи се радуваа Еуро Никел кој славеше во Аеродром против МЗТ Скопје, Академија ФМП кој го доби дуелот на „Кале“ против Вардар, како и Пелистер кој славеше убедливо над Куманово на домашен терен.

Играчите на Пелистер, Бобан Стајиќ и Игор Кесар беа едни од најдобрите во редовите на „зелено-белите“. Плејмејкерот натпреварот го заврши со 26 поени и шут 10/13 од поле, а згора на тоа додаде и седум асистенции. Него го следеше крилниот играч кој додаде 22 поени со реализација 9/13 од поле, а додаде и седум скока и три асистенции. Дарко Соколов блесна против својот поранешен клуб со 30 поени, шест скока, две асистенции и две украдени топки, а одличен натпревар во „СЦ Јане Сандански“ имаше и капитенот на аеродромци, Дамјан Стојановски кој во поразот на МЗТ Скопје постигна 26 поени, четири скока и две асистенции. Во петорката на колото место има и за Славчо Темелковски кој во победата на Академија ФМП над Вардар забележа дабл-дабл учинок од 10 поени и 14 скока, а додаде и една блокада за 28 минути поминати на паркетот.

Се вчитува...