ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на второто коло

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

По неколкудневната пауза помеѓу првото и второто коло, вчера на терените ширум Македонија беа одиграни нови пет средби во кои победи забележаа МЗТ Скопје, Работнички, Куманово, Еуро Никел и ТФТ. Овој пат одложен беше само дуелот помеѓу Пелистер и Вардар, двата тима кои пријавија случаи на коронавирус во своите редови.

Предводник на петорката на второто коло е Тај Харис, играчот на ТФТ кој во победата на својот тим на гостувањето во Струга против Црн Дрим забележа 33 поена, 9 скока и 3 асистенции. Одличен учинок имаше и Дарко Соколов кој беше еден од предводниците на Еуро Никел со 16 поена, 5 скока и 5 асистенции, како и Стефан Балмазовиќ кој го предводеше Работнички во дерби победата над Гостивар со 26 поена и 8 скока. Во оваа петорка се најде и играчот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ кој во победата над Кожув забележа 25 поена и 2 скокам, како и Леонид Тодоровски, од вториот тим на МЗТ Скопје кој во поразот од Куманово забележа 14 поена, а еден скок го делеше од дабл-дабл учинок.

Прволигашите немаат многу време за одмор бидејќи веќе за два дена ги очекуваат нови дуели.

Се вчитува...