Екитике ќе добие казна од Ливерпул поради глупавиот црвен картон

Францускиот голгетер Уго Екитике, ќе биде казнет од страна на својот клуб Ливерпул поради глупоста која ја направи во англискиот Лига Куп, кога беше исклучен во 53. минута, добивајќи го најглупавиот црвен картон. 
Напаѓачот на „Црвените“ влезе како замена веднаш по полувремето во натпреварот од Англискиот Лига Куп и беше казнет во 53-тата минута за задржување на противничкиот играч, а потоа и фрлање на топката. Во 85-тата минута, Французинот ја искористи топката од Киеза и постигна гол за водство на „Мерсисајдс“ од 2-1. По голот Екитике го соблече дресот, по што доби втор жолт картон, и автоматски исклучување.
Според правилата, Екитике ќе го пропушти претстојниот натпревар од Премиер лигата против Кристал Палас. Фудбалерот се соочува со парична казна од клубот поради неодржување на дисциплината, објавува „Дејли меил“.

Точната казна сè уште не е потврдена, но се очекува на Французинот да му бидат одземени две недели плата.

Се вчитува...