Екс играч на Волфсбург: Сакав да го задавам Ван Бомел

Стоперот на Борусија Дортмунд, хрватскиот репрезентативец Марин Понграчиќ раскажа за „голготата“ која ја минувал во Волфсбург. Тој од отпишан играч на „волците“ стигна до Дортмунд, и сега е еден од најстандарните. Понграчиќ замина во Борусија на препорака на Марко Розе со кого тренираше во Салцбург.

Тој кажа дека не го сакал Ван Бомел, особено кога приметил дека тимот сака да се „откачи“ од него.

„Приметив дека сакаат да се ослободат од мене. Дури ниту на тренинг не сметаа на мене. Во еден момент ми доаѓаше да го фатам за гуша Ван Бомел и да му кажам се што мислам. Но, знаев дека тоа не е правилно. Трансферот во Дортмунд добро ми дојде. Тука се препородив“, рече Понграчиќ.

Се вчитува...