Елјиф Елмас им се придружи на Пандев и Тричковски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи се квалификуваа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако во осминафиналниот двомеч го елиминираа германскиот Бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт.

Елјиф Елмас со овој триумф стана само третиот Македонец од осамостојувањето кој успеал со својот клуб да стигне до осумте најдобри во елитното фудбалско натпреварување на стариот континент.

Претходно тоа им успеа само на Горан Пандев кој во два наврати со Интер, а во сезоната 2009/2010 успеа да стигне до титулата. Следната година „нероаѕурите“ беа елиминирани од Шалке 04 во четвртфиналето. Втор Македонец кој успеал да стигне меѓу осумте најдобрите во елитата е Иван Тричковски кој со кипарскиот АПОЕЛ во сезоната 2011/2012 беше елиминиран од Реал Мадрид.

Се вчитува...