Елмас на „мета“: Навивач им избега на редарите за селфи со „дијамантот“ (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија ги реши сите дилеми околу победникот на мечот против Гибралтар откако уште по првото полувреме имаше убедливи 4-0.

Во второто полувреме избраниците на Боби Милевски рутински го приведуваат мечот до самиот крај, а во центарот на вниманието не беа актерите на теренот туку еден од навивачите на нашата репрезентација.

Едно момче од трибините во 74. минута влета на теренот каде направи „селфи“ со Елјиф Елмас по што беше фатен од редарската служба која го испрати на трибините.

Се вчитува...