Емре Чан, Типуриќ и Кочоски се приклучија на тренинзите на Шкупи

Шкупи на најдобар можен начин ја стартуваше пролетната сезона со убедлива победа од 5-2 против Академија Пандев.

Но, за Ардијан Нухиу нема време за одмор со оглед на фактот дека веќе во недела тимот го очекува големата пресметка со Шкендија на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Тимот од Чаир денеска се комплетираше на тренинзите со приклучувањето на најновите три засилувања, Тони Типуриќ, турскиот фудбалер од средниот ред Емре Чан кој дојде од Коњаспор, како и 20-годишниот Валентин Кочоски кој се приклучи од редовите на Хоризонт Турново.

Се вчитува...