Енди Родик: Можно ли е да сме толку еб..о глупави?

Легендарниот американски тенисер Енди Родик јавно се “згрози“ од невкусните изјави на младите Американци. Родик остана без текст на твитот на ЦБС кога се гледа како младите Американци со огромна леснотија зборуваа дека коронавирусот е измислен само како психолошка војна, и покрај тоа пто секој ден многу лица умираат од неговите последици.

Во САД сега е период на пролетниот распуст кој младите го користат за бројни организирани забави. И тие воопшто не се откажуваат.

Родик не може да верува на неодговорноста кај младиот свет во САД…

 

„Како е можно да сме вака еб.но глупави???“ – напиша поранешниот американски тенисер.

Се вчитува...