Епилог по инцидентот: МЗТ ќе плати 18.000, а Пелистер 8.000 денари по дербито во „Јане Сандански“

МЗТ Скопје ќе плати 18.000 денари за однесувањето на своите навивачи на синоќешното дерби со Пелистер, одлучи Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ по добиениот делегатски записник од мечот што беше одигран во СЦ „Јане Сандански“.

Двата тима ќе платат по 8.000 денари поради неспортско навивање, а МЗТ е казнет со дополнителни 10.000 денари поради фактот дека навивачите на аеродромци запалија неколку чадни бомби на трибините за време на натпреварот.

Покрај тоа, кошаркарот на Пелистер, Никола Малешевиќ, ќе плати 12.800 денари поради техничката грешка што ја заработи за приговор кон судиите, негова четврта оваа сезона.

Се вчитува...