„Ер Гравет“ – човек за атракции во МЗТ Скопје (ВИДЕО)

Второто коло во Првата лига донесе и неколку возбудливи потези во салите ширум Македонија. Меѓу најрасположените за игра беше новиот бек на МЗТ, Хасани Гравет, со две атрактивни забивања, првото со „цепелин“ на асистенција на Магдевски, второто по продор во рекетот со суператрактивна завршница.

МЗТ без сомнеж донесе суператрактивен кошаркар, штета што трибините се празни, па ваквите мајстории не можат да се проследат во живо.

Се вчитува...