Ерменците го „здрмаа“ Исланд за втора победа во групата (ВИДЕО)

Ерменија ја запиша и втората победа во 2. коло од квалификациите за СП 2022 славејќи против Исланд со 2-0 во групата во која е и Македонија.

По првата победа на гостински терен против Лихтенштајн од 0-1, сега Ерменците на домашен терен славеа против Исланѓаните, за кои ова е втор пораз, по оној првиот од 3-0 од Германија.

Поранешниот вардарец Тигран Барсегјан го отвори резултатот во 53. минута, а Бајрамјан во 74. минута ги постави конечните 2-0.

Се вчитува...