Етеми стрелец во убедливта победа на Истанбулспор (ВИДЕО)

Валон Етеми продолжува во извонредна форма во настапите во дресот на Истанбулспор во турската Суперлига. Македонскиот репрезентативец денеска го отвори мечот со гол од белата точка во победата од 3-0 против Сиваспор.

Етеми изнуди пенал во 6. минута од мечот по нафрлување во шестнаестникот, а потоа и сигурно реализираше за водство на домашниот тим и воедно 11 гол во Суперлигата.

Се вчитува...