Фудбалскиот клуб Челси е обвинет од Фудбалската асоцијација (ФА) за 74 наводни прекршувања на правилата во врска со плаќањата на фудбалските агенти помеѓу 2009 и 2022 година.
Посебно се истакнува периодот од 2010 до 2016 година, а лондонскиот клуб има рок до 19. септември да одговори на обвинувањата.
Можните казни вклучуваат парична казна, забрана за трансфери или одземање бодови, но ќе се земе предвид и соработката на клубот. Челси, според сопственото соопштение, сам ги пријавил неправилностите откако новиот сопственик Тод Боели го презеде клубот од Роман Абрамович во 2022 година.
Челси веќе е казнет со 8,6 милиони фунти од УЕФА во 2023 година поради нецелосно финансиско известување. Меѓу контроверзните трансфери се и доаѓањата на Ето и Вилијан од Анжи во 2013 година.
Абрамович беше санкциониран од владата на Велика Британија во 2022 година поради неговите наводни врски со рускиот претседател Владимир Путин и поради руската инвазија на Украина. Тој беше принуден да го продаде Челси, а тие средства од 2,5 милијарди фунти се уште се замрзнати.
Абрамович тврди дека парите ќе бидат донирани за жртвите од војната во Украина, но британската влада сака тие да одат исклучиво за украинска хуманитарна помош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

