Младиот напаѓач на Челси, Тајрик Џорџ во продолжението од кариерата ќе настапува за Фулам откако и самиот изрази желба да прифати нов предизвик во кариерата на место каде ќе има шанса да ги покаже своите квалитети со оглед на конкурентноста во „сините“ редови.
Клубот од „Стемфорд Бриџ“ добро ќе заработи од заминувањето на 19-годишникот со оглед на тоа што трансферот во лондонскиот ривал ќе изнесува фиксни 22 милиони евра, а и ќе добие и голем процент од идниот трансфер.
Интересно, последниот натпревар во дресот на Челси му е баш против новиот клуб. Фановите на Фулам дури и се шалеа со младиот фудбалер велејќи му дека дуелот на „Стемфорд Бриџ“ ќе му биде последен настап во Челси.
Тој се наоѓаше пред премин во Рома, но преговорите пропаднаа па на крајот шансата ја искористи Фулам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

