„Фармацевтите“ со бод од Берлин во 90. минута

Продолжува ревијата на голови во последните мигови низ терените во Европа. Таков еден го спаси од пораз Баер Леверкузен на гостувањето во Берлин кај Херта.

Херта имаше водство од 1:0 со голот на Јоветиќ. Долго време траеше оваа предност, односно до 90. минута кога Андрих успеа да даде гол за „фармацевтите“ и да донесе бод.

Ова беше прво реми за Херта сезонава, додека Леверкузен по трети пат одигра нерешено и собра 18 бодови.

Се вчитува...