Иако беше објавено дека Фарук Мемиќ заминува од битолскиот Е. Пелистер 2, сепак се случи пресврт.
Стратегот кој одлично работи со младите категории ќе остане во вториот тим на битолчани и ќе ја преземе функцијата помошник на тренерот Бранислав Ангеловски.
„Еурофарм Пелистер и Фарук Мемиќ е приказна која трае повеќе од деценија, приказна која продолжува и понатаму. Му посакуваме многу среќа на Фарук и уште многу нови генерации да излезат под негово водство“, стои во соопштението на Е. Пелистер 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
